Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше меѓу стативите на Рајо Ваљекано кој одигра реми против жолтата подморница Виљареал, 1-1.

Виљареал го отвори резултатот со голот на Сорлот во 15. минута, но уште во следната акција Рајо Ваљекано преку Перез изедначи на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат.

Во финишот од натпреварот Рајо беше со фудбалер повеќе откако Морено заработи втор жолт картон во 78. минута.

Димитриевски имаше неколку одлични интервенции, еве една од нив:

 

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е најзаслужен за ремито, 1-1, на Рајо Ваљекано на домашен терен против Виљараеал. Димитриевски имаше дури пет одбрани, а беше совладан само еднаш и тоа во 15-тата минута кога Сорлот во гол ја претвори полуконтрата на Виљареал.

Со овој бод Рајо Ваљекано се искачи на шесттата позиција на табелата со 10 поени.