Интер има пет победи на првите пет натпревари во Серија А. На гостувањето во Емполи, „нероаѕурите“ славеа со минимален резултат, 0-1 и се наоѓаат на врвот во калчо лигата.

Стрелец на победничкиот гол за Интер беше левиот бек Федерико Димарко. Тој во 51. минута испрати силен удар од далечина и ја затресе мрежата на Емполи.

Димарко постигна гол со прекрасен волеј кој го зафати после одбиена топка по корнер на Интер, по стартот на вториот дел, гол доволен за победа на лидерот во Серија А, кај најслабиот тим досега, кој сѐ уште нема дадено гол во оваа сезона и по пет меча.

Интер со триумфот сега има 15 бода и извонредна гол-разлика 14-1, два бода пред градскиот ривал Милан, а четири пред изненадувањето на стартот на сезоната Лече. Емполи остана последен без освоен бод и без даден гол и по 450 минути во новата сезона во калчолигашката елита.

По овој триумф, Интер е на врвот со 15 бода, додека Емполи е на дното, без нити еден бод.