Иго Екитике е нов фудбалер на ПСЖ. Младиот напаѓач доаѓа од таборот на Ремс.
Во првата сезона тој ќе игра како позајмен фудбалер во Париз, а потоа шампионот ќе плати 35 милиони евра обештетување.
„Одлучив со моето срце, горд сум што сум тука во Париз“, рече напаѓачот на Ремс.
Екитике летово одби трансфер во Њукасл, кој исто така беше сериозно заинтересиран за него и дури испрати и понуда од 35 милиони. Младиот 20-годишен напаѓач лани на 24 натпревари во Лига 1 постигна 10 голови.