Интер и Монако ремизираа 2-2 на пријателски натпревар одигран вечерва на стадионот „Паоло Маца“ во Ферара, Италија.

Гостите од Франција водеа со 0-2 благодарение на головите на Александр Головин во седмата и Висам бен Једер во 13.минута. Роберто Гаљардини намали на 1-2 во 42.минута, а конечните 2-2 ги постави новото засилување за „нераѕурите“ Кристијан Аслани во 59.минута.