Тој потенцира дека клучно за овој трансфер бил разговорот со новиот тренер на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг.
„Чудно ми е што сум во Јунајтед, мислев дека тоа никогаш нема да се случи. Да се биде фудбалер на Манчестер Јунајтед е нешто навистина посебно. Мојата кариера, пред инцидентот на ЕП воопшто не беше поврзана со враќањето во Велика Британија. Во идеите што ги има менаџерот се видов себеси како играм фудбал во овој клуб. Во исто време, ова е голем клуб, ако не и најголем на светот. Влијанието на Тен Хаг е големо. Разговорите со него за фудбалот и идеите што ги има, влијаеа на мојата одлука да дојдам во Манчестер Јунајтед“, изјави Ериксон.
Искусниот фудбалер за врска дебито за новиот клуб би можел да го има в сабота во Осло, каде што Јунајтед ќе се судри со Атлетико Мадрид.