Мохамед Салах, египетскиот голгетер потпиша повеќегодишен договор со Ливерпул, иако во претходниот период имаше шпекулации дека ќе си замине од поранешниот европски и англиски шампион.
Ливерпул ја потврди информацијата за новиот договор преку нивните социјални мрежи, а засега не открива до која година е потпишана соработката со Египќанецот.
„Чест ни е да соопштиме дека Салах потпиша повеќегодишен договор со клубот“, соопшти раководството на Ливерпул.
Салах игра за „црвените“ од 2017 година, а досега настапи на 254 меча и постигна 156 голови