Кристоф Галтие, новиот стратег на францускиот гигант ПСЖ, би сакал тимот да нема толку многу ѕвезди туку да биде тркачки подготвен за најголемите искушенија. Сензационална вест доаѓа од Париз дека тој му порачал на раководството на Пари Сен Жермен да ги продаде напаѓачите Лионел Меси и Нејмар, пренесува „COPE“.

35-годишниот Аргентинец и 30-годишниот Бразилец не се вклопуваат во новата стратегија на парискиот клуб.
Планот на новиот тренер Кристоф Галтие и спортскиот директор на клубот Луис Кампос е да изградат поконкурентен тим со помалку ѕвезди.
Во исто време, клубот сака што поскоро да ги продаде Меси и Нејмар, но јасно е дека тоа ќе биде тешко остварливо.