Полската гол-машина Роберт Левандовски одигра фантастично прво полувреме во кое со три гола донесе убедлива победа од 3-0 на Барселона на гостувањето кај Алавес.

Своето гол шоу Левандовски го почна уште во седмата минута кога погоди за водство од 1-0, во 22. минута го даде вториот гол, а хет-трикот го комплетираше во 32. минута од мечот.

По девет одиграни кола Барселона е на врвот на Примера со 24 бода, пред Реал Мадрид кој има 21 бод. Во следното коло Каталонците играат дома со Севиља.