Реал Мадрид се врати на победнички патеки откако ја совлада Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ убедливо со 4-0. Екипата на Карло Анчелоти конечно покажа одлична ефикасност, иако стручниот штаб се соочи со нови проблеми поради повредите на Едер Милитао, Лукас Васкес и Родриго.

Во првиот дел домаќините останаа без Едер Милитао, кој доживеа страшна повреда во 26. минута и најверојатно ги скина предните вкрстени лигаменти.

Винисиус Жуниор одигра одличен натпревар и постигна хет-трик, додека Џуд Белингам го постигна својот прв гол оваа сезона. Во тимот дебитираше и младиот стопер Раул Асенсио, кој влезе на местото на повредениот Милитао.

Винисиус Жуниор донесе предност во 34. минута, а Џуд Белингам зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме.

Третиот гол го постигна Винисиус по одличниот дегажман на голманот Лунин.

Винисиус постигна уште еден гол, по катастрофалната грешка на стоперот на Осасуна, со што го завери убедливиот триумф на Реал Мадрид.

Реал Мадрид сега има 27 бода, шест помалку од првопласираната Барселона, додека Осасуна останува на петтата позиција со 21 бод на своето конто.