Екипата на Гостивар покажа завидна ефикасност против Слога Виница и триумфираше со 5-0 во натпревар од Втората лига. Антонио Каланоски беше играч на натпреварот, откако постигна хет – трик за гостиварци. Во листата на стрелците се запишаа и Стојанчо Велинов и Сухејб Рушити.

   

Беса на домашен терен стигна до убедлива победа против Беласица и славеше со 3-0. Хакан Лимани во четвртата минута го отвори резултатот, Генц Гаши во 18. минута зголеми на 2-0, а Зани Назифи во 45. минута постигна трет гол по што победникот беше јасен уште по првото полувреме.

Останатите натпревари од ова коло во Втората лига се играат утре.