Претпоследната во Примера, екипата на Алмерија успеа да се спаси од пораз на домашен терен против Кадиз. Со гол во 96-та минута од пенал успеа да извлече реми 1-1 и да остане во тесна и жешка трка за опстанок во Ла Лига.
Со петтото сезонско реми кое го обезбеди длабоко во судиското надополнување Гонсало Мелеро со реализираниот пенал, Алмерија дојде на 26 бода, останува претпоследна,Но сега се израмни со Хетафе и Валенсија , а е на само два бода од 13-та Севилја и 14-от Кадиз во тесна трка на дури осум тима сместени во два бода.
За тимот на Кадиз ова беше 28 бод сезонава, а десетто реми и пропушти голема шанса со победа малку да здивне, откако Роже Марти погоди за водство четири минути по стартот на вториот дел.