Бранителот на трофејот во Купот на Германија, РБ Лајпциг обезбеди четвртфинале во Купот на Германија и им се придружи меѓу најдобрите осум на Унион Берлин и Штутгарт, кои веќе се пласираа во оваа фаза, после денешната победа со 3-1 против Хофенхајм.

Лајпциг дојде до водство по осум минути со голот на Емил Форсберг а асистираше Лајмер, кој потоа четири минути пред паузата ја дуплираше предноста.

Тимо Вернер на шест минути пред крајот стави печат на триумфот, откако Долберг даде гол за Хофенхајм за на кратко да ги врати надежите на неговиот тим дека можат да се вратат во натпреварот.

Вечерва се игра дуелот Мајнц – Баерн Минхен од оваа осминафинална фаза.