Фиорентина славеше над Торино со 2-1, и обезбеди место во полуфинале на италијанскиот Куп.

Екипата од Фиренца доминираше во првото полувреме, но двата гола ги постигна дури во вториот дел. Јовиќ донесе водство, зголеми Икон, додека Карамоа беше стрелец за Торино .

Пласман во полуфинале претходно обезбеди и Интер, кој беше подобар од Аталанта со 1-0.

„Виолетовите“ за противник во полуфинале и битка за место во финале го чекаат подобриот од вечерашниот дуел на Рома и Кремонезе кој се игра од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.