Рома, по три меча без триумф во Серија А, им се врати на победите. „Волчицата“ славеше против Калјари на „Олимпико“ со 1-0, со голот од пенал на Сержо Оливеира.

Во 33.минута беше досуден пенал за римскиот тим, а Сержо Оливеира беше сигурен реализатор на најстрогата казна.

По овој триумф, Рома се наоѓа на шестото место на табелата со 35 бода.

https://twitter.com/weirdgio/status/1482825416754741251?s=20