Борусија Дортмунд го совлада со со 4-2 лидерот Хајденхајм, во дуел од третото коло на Бундеслигата.
Со тоа, „милионерите“ го симнаа од челната позиција својот противник кој беше најпријатно изненадување по првите две кола и првпат се најде на првото место во германската елитна дивизија, во својата 178-годишна историја. Иако постои толку долго, Хајденхајм дури лани дебитираше во Бундеслигата, го освои осмото место и обезбеди пласман во Конференциската лига, а во првите две кола од оваа сезона ги победи Сент Паули и Аугсбург со гол-разлика 6-0.
Свое шоу на „Сигнал Идуна Парк“ имаше младиот ас Адејеми, кој учествуваше во три гола на Борусија. При првиот запиша асистенција до Мален, а потоа беше стрелец на двапати и ја потврди одличната форма оваа сезона.
И вечерва Хајденхајм не се исплаши од големиот противник иако по само 17 минути имаше два гола негатива, по погодоците на Мален и Адејеми. Пјерингер намали, но на голем одмор Борусија замина со 3-1 по вториот гол на Адејеми. Бројнинг ја врати неизвесноста во 74. минута, но Емре Џан во судиското продолжение стави крај на сите дилеми и на надежите на Хајденхајм дека може да дојде до ново изненадување.