Репрезентацијата на Полска триумфира со 1-0 на гостувањето кај Велс, во натпреварот од Лигата на нации, со голот на Свидерски во 58. минута. Меѓутоа, повторно Роберт Левандовски ги собра аплаузите, бидејќи го послужи со фантастична асистенција. Велс постојано напаѓаше, имаше доста изгледни шанси да се врати во егал, но секогаш на вистинското место беше голманот Шчесни, кој имаше неколку неверојатни одбрани. Герет Бејл во вториот дел ја затресе гредата со одличен удар со глава.