По елиминациите во Ријад Суперкупот и Сауди Суперкупот, Ал Наср остана без шанса да се бори за уште еден трофеј, откако вечерва доживеа шок во полуфиналето на Кингс Купот.
Гостите поведоа со погодокот на Беагуел во 23-та минута, но на стартот на вториот дел останаа без Ал Хафтих кој заработи втор жолт, автоматски црвен картон.
Кристијано Роналдо имаше неколку шанси на оваа средба, но две беа стопроцентни, една во првото и една во второто полувреме. Најпрво, Португалецот од непосредна близина го погоди само голманот на Ал Вехда, а потоа во 82-та минута ја погоди гредата.
Роналдо беше бесен и по последниот судиски свиреж, односно му беше нејасно како неговиот тим не постигна барем еден гол во меч во кој доминираше во секој поглед.