Холандија е претпоследниот четвртфиналист на Европското првенство откако денес убедливо ја совлада Романија со 0:3.
Романија освен неколку полушанси во почетните минути не направи ништо друго. Холандија доминираше од почетокот до крајот на дуелот.
Резултатот беше отворен по 20 минути игра кога Гакпо одлично се ослободи од своите чувари и го постигна својот трет гол на првенството. Имаше уште барем 2-3 добри прилики Холандија да постигне втор гол до крајот на полувремето, но не успеа.
Играчот на Ливерпул изведе една соло-акција и успеа да постигне погодок во мрежата на Романија.
По 20-тина минути игра во второто полувреме повторно Гакпо ја затресе мрежата, меѓутоа овој негов гол беше поништен поради недозволена позиција.
На 2:0 зголеми Мален, но и во оваа ситуација Гакпо го заврши најголемиот дел од работата кога по еден соло продор го пронајде Мален во шеснаесетникот на кого му остана само да ја смести топката во мрежата. Фудбалерот на Борусија Дортмунд Мален ги постави конечните 3:0 со голот во завршницата.
Холандија во четвртфиналето ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Австрија и Турција вечерва.