Екипата на Галатасарај постигна победа против Тотенхем од 3-2 во дерби дуелот од Лигата на Европа.
Турскиот тим постигна три гола уште во првото полувреме, благодарение на двојниот стрелец Виктор Осимен. Погоди и Акгун со прекрасен гол од далечина, а повреда заработи Мауро Икарди.

Галата поведе уште во шестата минута од натпреварот кога Акгун постигна гол за 1-0, во 18. минута Тотенхем изедначи преку Ланкшир.

Следуваше шоу на Мертенс и Осимен, белгиецот двапати асистираше, а нигерискиот напаѓач даде два гола за водство на Галатасарај од 3-1.

Тотенхем се врати во живот во 69. минута со гол на Соланке.

Вил Ланкшир стана најмладиот стрелец за Тотенхем после Хари Кејн.

Атлетик Билбао со пресврт го победи Лудогорец во Бугарија со 1-2, со головите на Ињаки Вилијамс и на Нико Серано, во 73. и во 74.минута.

Рома поведе со 1-0 во 62. минута во Белгија на гостувањето кај Ројал Унион, но домаќините изедначија преку Мекалистер 15 минути подоцна.

Ајнтрахт со 1-0 ја совлада Славија Прага, Олимпијакос и Ренџерс одиграа 1-1.

Нерешено заврши и мечот меѓу Ница и Твенте но со повеќе голови, беше 2-2, Стеауа со 2-0 го победи Митјиланд, Елфсборг и Брага одиграа 1-1, а Карабаг со 2-1 славеше кај Бодо/Глимт.

Покрај Галатасарај, по 10 бодови имаат и Ајнтрахт Франкфурт, кој дома ја совлада Славија Прага со 1-0, благодарение на голот на Мармуш, како и Атлетик Билбао.