Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев не размислува да оди во пензија, иако најави дека ова ќе биде негова последна сезона. Информацијата ја потврди и неговиот агент Леонардо Корси кој во интервју за „Парма Лајв“ говореше за македонскиот фудбалер.
Договорот меѓу Пандев и Парма истекува овој јуни и не се знае дали тој ќе остане во клубот. Желбата на Пандев е да остане меѓу „млекарите“, но…
„Лично, мислам дека Пандев може многу да му даде на тимот. Сака да продолжи да игра и е мотивиран. Желба му е да ја врати Парма во Серија А. Тоа би било идеално финале на неговата кариера. Горан и Парма заслужуваат заеднички успех“, изјави Корси.
Пандев пристигна во Парма од редовите на Џенова, а претходно во Италија играше и за Наполи, Лацио, Интер, Анкона, Специја.