Хајдук ја совлада Риека со 3:1 во финалето на хрватскиот фудбалски куп во Пољуд. Јунак на натпреварот со два гола беше левиот бек Дарио Мелњак, додека еден гол постигна Феро. Голот на Риека го постигна Јосип Дрмиќ.
Ова е седма победа на Хајдук во Купот, а прва по 2013 година. Риека беше најдобра во ова натпреварување пред две години. За Риека цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Во составот на Хајдук беше и Јани Атанасов но не доби шанса за да заигра и остана на клупата.