Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да го пропушти мечот на Наполи против Емполи, кој е закажан за 24 април во рамки на италијанската Серија А.

Наполи сè уште е во игра за титулата, но доби лоши вести затоа што македонскиот дијамант се пожалил на болки во делот на тетивата, по што го пропуштил тренингот.

Екипата од Неапол во моментов има 67 бодови по 33 одиграни кола, односно два помалку од Интер и четири помалку од лидерот Милан.

https://twitter.com/napolista/status/1517476668239138817?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517476668239138817%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fproblemi-za-napoli-elmas-neizvesen-za-mechot-protiv-empoli