Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини се пласираше во полуфиналето на Србија опен.
Фоњини беше подобар од Оскар Оте (2:0) кој не успеа да направи ново изненадување бидејќи во осминафиналето го елиминира Арслан Карачев.
За час и 43 минути игра во сетови беше 7:5, 6:4 за 62. играч во светот.
Германскиот тенисер подобро влезе во овој меч и ги освои првите три гема. Водеше и со 2:5, но и тоа не беше доволно Оте да слави во првиот сет.
Од тој момент, Фоњини врза пет гема и славеше во првиот сет, а потоа серијата ја продолжи во вториот.
Поврза уште два гема по брејкот на стартот од вториот сет, Оте потоа се врати, но Фоњини му одзеде уште еден сервис гем на Германецот и обезбеди пласман во полуфиналето,
Таму го чека подобриот од дуелот Андреј Рубљев и Таро Даниел.