Дарија Касаткина (24) моментално е 22. тенисерка на ВТА ранг-листата, а сега отворено проговори за се што се зборуваше меѓу тенисерите на Австралија опен откако Новак Ѓоковиќ беше депортиран поради тоа што не е вакциниран.
„На другите тенисери не ќе им било удобно доколку на Новак Ѓоковиќ му се дозволеше да игра. Сите направивме некаква жртва и ги прифативме правилата на игра за да можеме да играме. Ѓоковиќ реши да тргне по својот пат. Да играше на крајот, немаше да им одговара на другите, изјави руската тенисерка Дарија Касаткина (24) во интервју за Еуроспорт.
Но, храбрата Дарија не застана тука. Таа отворено проговори за Новак Ѓоковиќ, кој очигледно не и е многу драг. Таа го обвини дека глуми за да придобие обожаватели
„Новак е личност која се обидува да направи се за да ги натера луѓето да го сакаат. Сите тоа го гледаме, прави се, но не му оди. За разлика од него, Рафаел Надал е „вистински“, каков што е. Не крши рекети, поинаку ги покажува емоциите. Неговата фраза „Вамос“ сите ја сакаме, рече Дарија и на крајот јасно му порача на Новак Ѓоковиќ:
„Подобро е луѓето да не те сакаат поради тоа што си, отколку да те сакаат поради она што не си“.