Јелена Остапенко, 17-та тенисерка во светот, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон.
Летонката по 90 минути игра ја совлада Ирина Бегу со 3:6, 6:1, 6:1.
Тоа е трет пат таа да се пласира во топ 16 на овој турнир.
Првите брејкови беа забележани во третиот и четвртиот гем, а на 3:3 Бегу направи серија од три гејма и го доби воведниот сет со 6:3.
Остатокот од натпреварот целосно и припадна на шампионката од Ролан Гарос од 2017 година.
По 1:1 во вториот сет, Остапенко направи три брејка, врза пет гема и стигна до изедначување.
Таа во решавачкиот сет водеше со 3:0 пред да Бегу освои почесен гем во тој дел од играта.
Со нова мини-серија од три гема, Остапенко успешно ја заврши работата.
Таа во осминафиналето ќе игра со победничката од мечот меѓу Марија Сакари и Татјана Мариа.