Љубителите на велосипедизмот го чекаа тој ден, започнува 109. Тур д’Франс.
Додуша, не од Франција, како што може да се очекува, но во согласност со поновата традиција, трката тргнува од друга земја, овојпат од северот на континентот, од Данска.
Првата етапа на програмата е од 15:30 часот во Копенхаген, а се работи за индивидуален хронометар со должина од 13,2 километри.
Трката продолжува во сабота на 2 јули со втората етапа од Роскилде до Ниборг, а нејзината вкупна должина е 202,2 километри.
Недела е последната данска етапа, долга 182 километри, од Вејле до Сондерборг.
Потоа во понеделник следува трансфер за Франција, од каде од вторник 5 јули ќе се вози од Данкерк до Кале, должината на етапата е 171,5 километри.
Трката ќе започне со 22 екипи од по осум велосипедисти, вкупно 176 .
Придружувани се од 450 членови на тимот, менаџери, асистенти и механичари, кои ќе ги придружуваат низ 21 етапа со вкупна должина од 3.349,8 километри.
Трката има шест рамни делници, седум ридски и шест планински етапи, а ќе помине низ 39 градови, од кои девет ќе се возат за првпат.
Ќе се емитува во 190 земји, од кои во живо во 60 и на стотина различни канали.
Велосипедистите на патеката ќе ги придружуваат седум амбулантни возила, две медицински коли, еден мотоцикл, а за нивното здравје ќе се грижат 11 лекари од сите специјалности, шест медицински сестри, а ќе биде обезбеден и еден автобус со рендген апарат.
Титулата ја брани Словенецот Тадеј Погачар, член на тимот на ОАЕ Емирати.
Тој сигурно е најголемиот фаворит за победа и оваа сезона, а вели дека нема поголема трка од оваа.
“Едвај чекам да започне трката. Навистина сум возбуден, ќе биде одлично кога ќе започне. Возбуден сум како што сум пред секоја трка, сакам да дадам се од себе. Ова е најголемата трка на календарот, па затоа сум многу среќен што сум на стартот и што ја бранам титулата“, изјави Погачар.
Словенецот го очекуваат жестоки битки на патеката.
„Овој Тур д’Франс ќе биде одличен за нас велосипедистите, луѓето кои следат сè и оние кои го гледаат преносот на ТВ екраните. Ќе има навистина брутални денови, но и забавни, без сомнение. Не се плашам да ја носам жолтата маичка. Секогаш сакате да ја носите. Ако има шанса, сите сакаат да стигнат до неа и сè што носи. Подиумот, прес-конференцијата, сето тоа е дел од тоа да се биде во жолто“, заклучи Погачар.