Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале, откако славеше со 3-0 во сетови, односно 6-0, 6-3 и 6-4 против неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.
Првиот сет помина во доминација на поранешниот прв тенисер во светот, кој ги искористи грешките на Кецмановиќ (6-0), по што во вториот сет се случи само еден брејк, кој му беше доволен на Ѓоковиќ за 6-3.
Ѓоковиќ направи два брејка во третиот сет и стигна до 5-2, но потоа Кецмановиќ успеа да ја врати надежта и намали на 4-5, меѓутоа не успеа да го надмудри поискусниот колега (4-6).
Ѓоковиќ во осминафинале ќе игра против Ван Ријтховен, кој беше подобар од Басилашвили со 3-0 во сетови.