Најдобриот италијански тенисер Јаник Синер триумфираше против русинот Андреј Рубљов со 3-0 во сетови, односно 6-4, 7-6 и 6-4 и се пласира во полуфинале на Австралија опен.
Младиот Синер беше одличен на денешниот натпревар против Русинот и го декласира во три сета, па така обезбеди полуфинале каде што ќе се соочи со актуелниот освојувач на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ.
Србинот претходно беше подобар од Тејлор Фриц со 3-1 во сетови.