Кошаркарите на Партизан и Мега вчера во „Штарк арената“ го затворија 17-тото коло во АБА-лигата, а пред почетокот на дуелот, навивачите, играчите и пријателите се простија од Дејан Милојевиќ, кој минатата среда почина како последица на срцев удар.
Во „Штарк арената“ прво беше пуштено видео во чест на Милојевиќ, потоа следуваше неколкуминутно скандирање на неговото име, кое беше проследено со пиротехничко шоу, а непосредно пред мечот имаше и минута молчење.
На натпреварот присуствуваа 23.021 навивач, што претставува рекордна посета во историјата на АБА-лигата, а влезот беше бесплатен.
На крајот Партизан славеше со 112:80 и се врати на второто место на табелата.