Македонскиот кошаркарски интернационалец и репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, беше најзаслужен за триумфот на Уникс на гости кај Минск (54-58), што му донесе дополнителна награда – место во тимот на колото во ВТБ-лигата.
Плејмејкерот го предводеше тимот од Казањ со 22 поени и по три скока, асистенции и украдени топки, а ги постигна и клучните поени во последната минута. Димитријевиќ во најдобрата петорка се најде покрај Андреј Мартјук, Тимофеј Јакушин, Треј Томпкинс и Алексеј Швед.
Следното коло од ВТБ лигата го носи и најголемото дерби, дуелот на единствените досега непоразени екипи, Уникс и ЦСКА Москва, што воедно ќе биде и македонски дуел помеѓу Димитријевиќ и Емил Рајковиќ.