Започна гласањето за составите на екипите на Ол-Стар викендот.

Натпреварот на најголемите ѕвезди во НБА лигата ќе се одржи на 22 февруари, а домаќин е Кливленд.

Фановите од целиот свет можат да гласаат за своите фаворити на три начини.

На официјалната веб-страница и апликација може да се гласа за по пет кошаркари од секоја од конференциите.

Се гласа и на Твитер, со внесување на хаштагот #NBAAllStar до името и презимето на играчот.

Корисниците на Твитер можат да гласаат 10 пати на ден, но можат да дадат најмногу два гласа на еден играч. Исто така се рачуна и секој ретвит на гласовите .

Има и бонус денови, кога гласовите се бројат двапати. Станува збор за католички Божиќ, 7, 13 и 20 јануари.

Гласањето завршува на 22 јануари.