Јанис Антетекумбо го предводеше актуелниот шампион Милвоки во победата на дербито со Филаделфија (109:118), на натпревар на кој домаќините повторно беа сериозно ослабени.
Грчкиот кошаркар постигна 31 поен и имаше 16 скокови, па му овозможи на својот тим да стигне до победата, иако Филаделфија скапо ја продаде кожата без играчи како Ембид, Харис и Кари во тимот.
Последниот период започна со резултат 93:92, но во завршните минути Милвоки ја направи посакуваната предност за победа во Филаделфија.
Ален со 25 и Портис со 19 поени беа најдобра поддршка за Адетокумбо, а кај Фидалефија, Макси реализираше 31 поен на овој дуел.
На преостанатите две средби славеа домаќините, односно Јута ја победи Атланта со 110:98, додека Лос Анџелес Клиперс триумфираше против Портланд со резултат 117:109.