Лука Дончиќ ги воодушеви навивачите и ги полуде своите ривали со врвна партија за победа на Далас над Голден Стејт 122:113. Тој беше најдобар стрелец (41) и скокач (10) на натпреварот, додека статусот најдобар асистент го делеше со Стивен Кари. И двајцата имаа по девет додавања.
Сепак, Дончиќ во се го засени великанот. Тој имаше двојно повеќе поени и скокови од него за втората победа на Мавс над Вориорс во последните пет дена. Дончиќ е најзаслужен за седмиот пораз од Голден Стејт во последните девет натпревари. Колку Дончиќ беше супериорен во однос на Кари на овој меч покажа последната четвртина.
Дончиќ беше убедливо најдобар играч на мечот а на крајот Кари спортски му честиташе за одличната партија.