По добриот настап и големата победа против Велика Британија, хрватската кошаркарска репрезентација играше против Естонија. Голема борба во сите 40 минути и на крајот Хрватска победи со 73:70 .
Хрватска стигна до втората победа и направи голем чекор кон Берлин. Естонија и создаде големи проблеми, исто како што во второто коло и создаде проблеми на Украина, која воопшто не е безопасна репрезентација.
На крајот сепак беше забележана многу важна победа за Хрватска, избраниците на Мулаомеровиќ победија со 73:70 во натпревар во кој имаше се. Од убави и атрактивни акции до неразбирливи грешки, како и несфатливи судиски одлуки.
Уште на почетокот на натпреварот можеше да се види дека на Хрватска нема да и биде лесно. Естонија побегна со серија од 10:0 на 10:3, а Хрватска мораше да се рестартира и да се врати во игра.
На крајот од првата четвртина Хрватска тргна во серија од 10:0 и го презеде водството кое го одржуваше во текот на целата втора четвртина, иако не можеше значително да се одлепи.
Естонија постојано им дишеше во врат, се закануваше со целосен кам-бек, кој сепак не се случи.
Третата четвртина целосно и припадна на Хрватска. Како што започна овој натпревар, се чинеше дека таа може да биде клучна и дека мечот може да биде решен таму, но Естонија одби да се предаде и благодарение на разбудениот Вене се одржа во натпреварот.
Така во последните десет минути резултатот беше 53:48 за Хрватска, која веднаш се одлепи на плус девет со тешките поени на Шариќ, но Естонија возврати.
На шест минути до крајот Естонија дојде на минус еден, имаше шанса да направи пресврт или барем да израмни, но не можеше да го направи последниот чекор.
Котсар правеше големи проблеми во рекетот, а одлуката падна на девет секунди пред крајот кога Јоесар уфрли две од три слободни фрлања, пропушти можност да израмни, по што Хрватска го контролираше дуелот, спречи удар за тројка и дојде до победата.
Многу тешка победа во која одличен беше Карло Матковиќ со 17 поени.
Во четвртото коло Хрватска утре од 21 часот игра против Италија .
Хрватска: Тони Перковиќ, Џејлин Смит 13, Роко Пркачин, Крунослав Симон 9, Марио Хезоња 5, Дарио Шариќ 15, Ловро Гњидиќ, Карло Матковиќ 17, Иван Рамљак 2, Доминик Мавра, Ивица Зубац 8 , Бојан Богдановиќ 4
Естонија: Анри Дрел 5, Сандер Рајесте, Стен Сок, Матијас Тас, Сиим-Сандер Вене 18, Маик-Калев Котсар 17, Рауно Нургер, Јанари Јоесар 5, Мартин Дорбек, Кристјан Китинг 6, Кер Крииса 5, Кристијан Кустијан 5