Феникс Санс го совлада Сан Антонио Спарс со 121:107, со одлична партија на Девин Букер.

Букер постигна 48 поени за Спарси (13/20 за два, 5/13 за три, 7/8 слободни фрлања), со пет скока, шест асистенции, три украдени топки и без загубени топки.

Тоа е негов трет последователен натпревар со 30+ поени.

Го следеа Бизмак Бижомбо со 17 поени и 14 скока и Крис Пол со 15 поени и 12 асистенции.

Двоцифрен беше и Камерон Пејн со 11 поени.

Кај Спарс се истакнаа Пелт со 23 поени и 14 скока, Мареј со 18, Мекдермот со 15 и Џонсон и Вајт со по 14 поени.