Италијанскиот тенисер Марко Чекинато продолжува со катастрофалната серија на Грен слем турнирите.
Чекинато се прослави со Ролан Гарос во 2018 година, кога го шокираше Новак Ѓоковиќ.
Тој во четвртфиналето по голема драма го совлада Ѓоковиќ и се пласираше во полуфиналето по најголемата победа во кариерата.
Сепак, после тоа не направи ништо значајно во светот на тенисот.
Чекинато има катастрофална низа од десет врзани порази на тврда подлога на Грен слем турнирите.
Од десетте врзани порази на Австралија Опен и УС Опен, пет се од играчи надвор од Топ 100.
Тој денес загуби од Филип Колшрајбер, моментално 134. тенисер во светот и беше елиминиран уште во првото коло.
Претходно загуби од Закарија Свајде, кој е 716. играч во светот, Марди Фиш, кој тогаш беше 581. тенисер на планетата, Мекензи Мекдоналд тогаш 192. на АТП листата …
Чекинато моментално е 95-ти во светот.