Григор Димитров го совлада Русинот Данил Медведев со 2-1 во сетови, односно 6-3, 6-7 и 7-6 по што се пласира во осминафинале на турнирот во Париз.
Бугарскиот тенисер Димитров имаше одличен почеток на натпреварот и водство од 3-0, но потоа Медведев го врати брејкот и намали на 2-3. Димитров во следниот напад направи нов брејк и го освои првиот сет со 6-3.
Медведев во вториот сет создаде предност од 5-2, но влезе во конфликт со навивачите по што следуваше голем пад во играта, а тоа му овозможи на Димитров да дојде до меч-топка. Сепак, Русинот се одбрани и славеше со 7-4 во тај-брејкот.
Димитров повторно беше одличен во сетот и испушти дури шест меч-топки пред тај-брејкот до кој рускиот тенисер дојде на неверојатен начин, откако беше пред пораз. Меѓутоа, во тај-брејкот Бугаринот не дозволи пресврт и со 7-2 го реши противникот.
Димитров во осминафинале ќе игра против Александер Бублик од Казахстан.