Српскиот тенсиер беше подобар од 118. играч на АТП листата Денис Новак кого го совлада со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.
Најдобриот светски тенисер и донесе клучен бод на селекција на Србија и со тоа ја направи пресметката во двојки без резултатско значење.
Австриецот беше многу мотивиран за дуелот со Ѓоковиќ, што беше видливо уште од самиот почеток. Иако Новак ги контролираше сервисите во првиот сет и не му дозволи на противникот да го изненади со евентуален брејк, Денис исто така не му дозволи на Србинот да дојде до значајна предност. Сепак, така беше до осмиот гем. Потоа во вистински момент Новак успеа да направи брејк, а во следниот гем истото го потврди и го освои првиот сет.
Во вториот сет Ѓоковиќ рутинирано го дотолчи противникот.
Репрезентацијата на Србија утре ќе игра против Германија.