Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најверојатно ќе оди на нов третман со цел да ја продолжи кариерата и да го одложи пензионирањето.

Надал го заврши Ролан Гарос победувајќи ја конкуренцијата и зборувајќи за повреда на стапалото, која го мачеше цела негова кариера.

По освојувањето на 14. титула во Париз, тој призна дека повеќето од натпреварите ги играл под анестезија, односно со „мртво“ стапало за да не чувствува неподносливи болки.

“Се надевам дека ќе играм уште бидејќи моментално сум во прекрасна ситуација, неочекувана за овој дел од мојата кариера. Животот е, на крајот на краиштата, поважен од титулата. Мојата кариера цел живот ми беше приоритет, но не смее да биде над мојата среќа. Ќе бидам среќен, ако продолжам (со кариерата), а ако не е така – ќе правам нешто друго“, изјави Надал.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1533801971551027200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1533801971551027200%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2167278

Рафа навести дека ќе мора да направи нова пауза поради која ќе го пропушти Вимблдон, но се зависи од новите терапии што ќе ги прими.

По титулата на Ролан Гарос, Рафа отворено зборуваше со шпанските медиуми за инјекциите кои ги доби во стапалото за време на турнирот, но и за понатамошните чекори.

„Инјекциите што ги примив во нервите поминаа добро, сега ќе направиме третман кој се состои од интервенција на два нерва. Тоа е нешто што веќе добро функционираше и затоа ја немав болката во минатото“, вели сопственикот на 22 Грен слем титули и продолжи:

„Овие терапии се пулсни радиофреквентни инјекции кои би ми помогнале да го намалам целокупното чувство што го имам во стапалото.

Рафа би сакал да го намали секое чувство што го има во нозете, но ефектот треба да биде траен.

„Ќе видиме дали овие интервенции можат да го остават нервот полумртов засекогаш. Тоа би ме оставило без речиси никакво чувство во моето стапало. Единствениот начин да играм (на Ролан Гарос) беше да го умртвам стопалото. Го блокиравме нервот со анестезија. Ништо не чувствував. Никакво чувство, никаква сензитивност“, објасни 35-годишниот Шпанец.

Каков е точно третманот што го посакува Надал?

Клиниката за палијативна болка во Мадрид наведува дека пулсирачката радиофреквенција е „третман за болка предизвикана од иритација или дефект на нервите или чувствителност на системот кој ја пренесува болката во телото“, пишува шпанска „Марка“.

Третманот се изведува „во операциона сала со лесна седација која ја врши специјализиран анестезиолог“.

https://twitter.com/RafaelNadalFC/status/1533481718417604614?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1533481718417604614%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2167278

Методот се состои од „вметнување специјална игла со рендген или ултразвук додека иглата не стигне до нервот на кој му е потребен третман. Кога тоа ќе се случи, врвот на иглата се „полни“ со пулсирачка радиофреквенција за да се ресетира функцијата на повредениот или оштетениот нерв.”

По турнирот, Надал дополнително објасни како е да се игра со нога што не ја чувствува.

„Мојата контрола на стапалата беше малку помала, но она што е умртвено е тој чувствителен нерв , а не моторниот нерв, така што практично имате целосна контрола на стапалото“, изјави тој за COPE.

Како што вели, со текот на времето се навикнал да игра во оваа состојба, а тоа му помогнало да ја одмори главата од размислување за болка и психички да се посвети само на тенисот во текот на двете недели на Ролан Гарос.

„Не можам да продолжам да се натпреварувам со вкочането стапало. Мора да најдеме решение. Би сакал да продолжам да се натпреварувам, па следната недела ќе се консултирам со неколку лекари за да ги истражам сите можни опции. Ќе добијам третман и се надевам дека ќе ми помогне“, заврши кралот на земјената подлога.