Се уште не се знае дали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен, турнир кој го освои девет пати.
Крег Тајли, директор на Австралија опен, потврди дека Новак Ѓоковиќ не добил специјално изземање од вакцинација против коронавирус и дека сите тенисери кои ќе учествуваат на првиот Грен слем сезонава ќе мора да се вакцинираат со две дози или Џонсон. Ѓоковиќ е на официјалниот список на играчи кои ќе учествуваат на турнирот, но тоа не значи дека ќе биде на теренот“, објасни Тајли.
Австралија опен ќе се игра од 17 до 30 јануари, а Ѓоковиќ се уште не откри дали примил некоја од вакцините против коронавирусот. Енди Мареј, стариот ривал на Ѓоковиќ, смета дека српскиот тенисер сепак е вакциниран.
“Не знам каква е ситуацијата со Новак, но последно што видов е дека тој е на списокот со пријавени играчи за Австралија опен. Тогаш претпоставувам дека е вакциниран. Правилата веќе ги кажаа, а тоа е дека ако сакаш да играш, тогаш треба да се вакцинираш. Затоа претпоставувам дека тоа се случило. Се надевам дека ќе биде таму“, изјави Мареј.
Ѓоковиќ може да дојде до рекордна 21. Грен слем титула во Австралија.