Ова беше официјално потврдено на социјалните мрежи на ова натпреварување, како и на Тенискиот сојуз на Казахстан.
Според информациите, Новак ќе дојде во главниот град на Казахстан на специјална покана на претседателот на локалната федерација, Булат Утемуратов.
Овој турнир од серијата АТП 500 ќе биде многу силен, бидејќи на него ќе настапат голем број одлични тенисери.
Меѓу другите, првиот светски тенисер Карлос Алкараз, довчерашниот број 1 Данил Медведев, Стефанос Циципас, Енди Мареј, Хуберт Хуркач, Андреј Рубљов и Јаник Синер.
Турнирот во Астана се игра од 2020 година, титулата сезонава ја брани Сунву Квон од Јужна Кореја.
Вкупниот награден фонд е 2.054.825 долари.