Русинот Данил Медведев и Германецот Александар Зверев ќе играат за титулата на овогодинешното тениско финале на АТП во Торино. Бранителот на титулата и втор светски играч Медведев во првото полуфинале убедливо го победи Норвежанецот Каспер Руд со 6:4, 6:2.
Синоќа третиот играч во светот и победник на „Мастерс“ од 2018 година, Зверев по два и пол часа игра го победи првиот играч во светот Србинот Новак Ѓоковиќ со 7:6 (4 ), 4: 6, 6: 3. Ѓоковиќ поради овој пораз ќе остане на четири титули на овој престижен турнир, а последната ја освои во 2015 година.