Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед вечерва му даде отказ на менаџерот Оле Гунар Солскјер поради слабите резултати на тимот во изминатиот период. По дебаклот на „црвените ѓаволи“ од Вотфорд (4-1), раководството на клубот имаше итен состанок и одлучи да се раздели со норвешкиот стратег.

Во последните седум натпревари под водство на Солскјер, тимот на Манчестер Јунајтед забележа неверојатни пет порази, наспроти само една победа и едно реми. Во моментот „ѓаволите“ се наоѓаат на седмата позиција на табелата во Премиер – лигата со 17 бода, дури 12 помалку од лидерот Челси.

Како најсериозен кандидат за наследник на Солскјер се споменува францускиот стратег Зинедин Зидан, но во опција е и Брендан Роџерс, актуелниот менаџер на Лестер.

Standings provided by SofaScore LiveScore