Лондонски Арсенал како да не го интересираат англиските купови, па се фокусира само на титулата во Премиер лигата.
Сепак, веројатно никој во клубот не е многу загрижен за елиминацијата од Купот бидејќи „топчиите“ загубија од Вест Хем со 1-3. Тренерот Микел Артета одлучи да се фокусира на титулата во Премиер лигата, па на Олимпискиот стадион во Лондон истрча со голем број „резервни“ играчи, а оние стандардните влегоа во второто полувреме. Ист случај беше и лани кога Арсенал одлучи да се посвети само на англиското првенство и рано испадна од куповите, но на крајот остана со празни раце.
Вест Хем ја искористи таквата ситуација, па по еден час игра водеше со 3-0, благодарение на автоголот на Вајт и головите на Кудус и Боуен. Мартин Одегард во шестата минута од судиското продолжение го ублажи поразот на Арсенал.
Екипите на Ливерпул и Челси ја продолжуваат борбата за трофејот и обезбедија пласман во четвртфиналето. „Црвените“ славеа на гостувањето кај Борнмут со 2-1, а Челси го победи Блекбурн со 2-0 на домашен терен. Меѓу осумте најдобри се пласираа уште Евертон и Ипсвич, а од вчера таму се и Мидлсброу и Порт Вејл.
РЕЗУЛТАТИ
Вест Хем – Арсенал 3-1
Борнмут – Ливерпул 1-2
Челси – Блекбурн 2-0
Евертон – Барнли 3-0
Ипсвич – Фулам 1-3