Раководството на Манчестер Јунајтед испрати понуда до Интер за централниот дефанзивец Алесандро Бастони. 23-годишниот италијански репрезентативец е трансферна цел на Тотенхем, а „нероаѕурите“ за него бараат околу 50 милиони фунти.

Преговорите меѓу лондончани и Интер се во напредна фаза и покрај интересот од Манчестер Јунајтед, а самиот играч има желба да се пресели во Тотенхем за повторно да соработува со Антонио Конте.

Тотенхем веќе доведе еден играч на Интер, хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.