Во светскиот фудбал изминатава сезона се изнагледавме атрактивни голови, супер-акции, ама не е мала бројката и на комичните погодоци.

На „Редит“ се појави компилација на најурнебесните погодоци и најпацерските голови што ги имаше на светските фудбалски терени, сите ставени под едно – најлошите голови во сезоната 2021/22.

И прв на видеото е урнебесниот гол на Абдул Руатубјаје, дефанзивецот на чаирски Шкупи, инаку репрезентативец на Руанда. Голот е за неговата селекција. Руатубјаје зимоска ја скина тетивата на подготовките во Анталија, па се очекува да биде фит и во полна форма за стартот на новата сезона, но тешко дека ќе игра во летните квалификации.

Видеото трае осум минути и сѐ е – спектакл до спектакл. Ќе ви потечат солзи од смеење.Е па уживајте!