Манчестер јунајтед им се врати на победите во англиската Премиерлига откако на „Олд Трафорд“ го совлада Брајтон (2-0) со головите на Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш и така се искачи на четвртата позиција на табелата.
Брајтон успешно се бранеше во првото полувреме од дуелот, по што во вторите 45 минути го нападна голот на „црвените ѓаволи“, но тоа скапо ги чинеше затоа што Јунајтед го казни двапати, и тоа преку Роналдо во 51. минута, кој даде гол по пауза од шест меча, а потоа Фернандеш во завршницата стрелаше за 2-0.
„Ѓаволите“ со денешниот триумф се искачија на четвртата позиција во Премиерлигата и имаат 43 бода, односно два повеќе од Вест хем и четири помалку од третопласираниот Челси.