Нант го контролираше натпреварот од самиот почеток, па во завршницата од првото полувреме стигна до предност од пет голови разлика (16-11), а водството на Лазаров и другарите продолжи да расте на стартот на вториот дел, кога со мини-серија од 3-0 стигна до 20-12.
Кокс за момент се врати во живот и намали на пет гола негатива (17-22), по што Нант продолжи да доминира и да го полни голот на гостите за конечен триумф од 36-25.
Рок Овничек беше најефикасен во тимот на Нант со седум погодоци, додека Лазаров постигна два, а на спротивната страна најдобар беше Ерсин со четири гола.