Килијан Мбапе одигра уште еден одличен натпревар и беше херој на ПСЖ во дербито против Реал Мадрид (1-0) во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ).

Французинот Мбапе треба да ја каже конечната одлука за неговата иднина по дербито меѓу двете екипи, а по денешната пресметка во Париз кажа дека овој дуел нема да влијае врз неговиот избор.

„Уште не сум решил за мојата иднина. Во моментов играм за ПСЖ, еден од најдобрите тимови во светот. Дали овој дуел ќе влијае на мојата иднина? Не, уште немам решено, меѓутоа ќе го дадам максимумот од себе и ќе видиме што ќе се случи следната сезона“, вели Францускиот репрезентативец Мбапе.