Лацио стигна до убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Калјари во рамки на 28.коло во Серија А.
Чиро Имобиле од пенал во 19.минута ја најави победата на гостите од Рим. Луис Алберто зголеми на 0-2 во 42.минута. Точка на победата на „лацијалите“ стави Фелипе Андерсон во 62.минута. Лацио во финишот остана со играч помалку, бидејќи втор жолт картон заработи Адам Марушиќ.
Лацио на седмата позиција има 46 бодови, додека Калјари за кого ова беше прв пораз по пет натпревари останува на 17.место со 25 бода.